вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Менкиновски за Шпански скали: Власта го злоупотребува Јавното обвинителство како во 47 година за спроведување политички прогон

Менкиновски за Шпански скали: Власта го злоупотребува Јавното обвинителство како во 47 година за спроведување политички прогон

Опозицијата ја обвинува власта дека го злоупотребува и користи Јавното обвинителство за спроведување на политички прогон во Република Македонија истакна адвокатот Тони Менкиновски кој воедно е лидер на преговарачкиот тим за Законот за јавно обвинителство на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој посочи дека најтрагично e тоа што осомничените и после три-четири месеци не се повикани на распит.

-Предметот Шпански скали кој СЈО го отфрли со решение за истиот луѓе кои се во раководството на ВМРО-ДПМНЕ беа и се уште се во притвор. Значи мерката притвор се уште стои само е заменета со куќен притвор. Како може СЈО го отфрла предметот и вели нема криминал нема инкриминирани дејствија нема ништо, а јавното обвинителство за организиран криминал поведува постапка и знаете што е најтрагично луѓето се уште после три-четири месеци не се повикани на распит. Значи се користи јавното обвинителство како во 47 година од страна на СДСМ за политички прогон на одредени луѓе. Тоа во една демократска држава е непоимливо, вели Менкиновски.