вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Менкиновски за преговорите со СДСМ: За власта најважно беше Русковска да го води случајот „Рекет“

Менкиновски за преговорите со СДСМ: За власта најважно беше Русковска да го води случајот „Рекет“

Адвокатот Тони Менкиновски кој е лидер на преговарачкиот тим на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за носење на ново законско решение за јавното обвинителство истакна дека власта наместо да биде фокусирана на носење на нов Закон за јавно обвинителство, таа имала други приоритети.

Тој посочи дека власта од самиот старт немала сериозен пристап кон преговорите за Законот за јавно обвинителство, а за нив клучно било што ќе се случи со Вилма Русковска и предметот Рекет.

Менковски потенцираше дека клучните две барања на СДСМ биле обвинителката Вилма Русковска да не биде променета од сегашната позиција во обвинителството и предметот „Рекет“ да остане во нејзини раце.

-Сите патишта водеа кон тоа Вилма Русковска да не биде сменета, да остане на позицијатан а која што е моментално. И сите патишта водеа во текот преговорите предметот рекет да не биде воопшто надлежен никој друг освен Вилма Русковска. Дури ние му предложивме во текот на преговорите, дајте еве во закон ќе го ставиме дека Вилма Русковска ќе го води предметот Рекет. Значи тоа е она што реално се случуваше позади завесата за која зборуваше и пратеникот Антонио Милошоски за која зборуваше и претседателот на партијата, вели Менкиновски.