четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 153
home Вести

Менкиноски: За несериозниот пристап кон ковид кризата некој мора да одговара

Менкиноски: За несериозниот пристап кон ковид кризата некој мора да одговара

Во гостување на Радио „Лидер“ во емисијата Филибастер, адвокатот Тони Менкиноски во однос на пандемијата и справувањето со неа истакна дека власта има многу несериозен пристап и за тоа некој мора да одговара.

„Катастрофа, многу несериозен пристап и мислам дека ќе одговара некој за ова. Знаете како, вие да држите број еден бевме во Европа во регионот во ковид-19 случаи, број еден. Знаете како за тоа некој треба да одговара. Јас сум убеден дека ќе одговара и ќе упати порака кон идните што ќе дојдат дека треба посерозно. Од аспект не на правник туку како човек, никој не ја консултира науката. Ние излеговме овде неспремни значи почнавме со полициски час кога беше имавме многу помалку починати луѓе, целиот летен период не го искористивме за подготовка, воопшто никаква и сега морам да кажам со жалење починаа многу луѓе што навистина му нзачат на ова општество.Ги изгубивме заради нечие невнимание не работа суетност, кога не знаете една работа го викате некого што ја знае работата и го прашувате“ нагласи Менкиноски

Менкиноски додаде дека во Македонија има над 2500 починати ккао последица од Ковид 19 што е колку еден помал град да сме изгубиле и штета е што Власта не се косултирала со експертите за справување со пандемијата.

„На долг рок нашиот народ не е воопшто глуп многу добро ги распознава работите, наивен не е, и знае дека се тоа е една голема лага, вие не ги повикувате луѓето, експертите, тука околу вас се луѓето викнете ги прашајте ги, имавме смешна ситуација војниците ќе ги чувале болниците како граѓаните да сакат да ги земат болниците насилно или да влезат, значи тоа беше делот од кризната состојба, значи нема тие да вршат некоја помош странична туку ќе ги чувале, од кого ќе ги чуваат? Не најдоа начини дури мислам и дека го уценија цел естаблишмент во Република Македонија. Внимавајте во Македонија мислам дека имаме еден град што сме го изгубиле, 2500 починати се колку еден град да сме го изгубиле пример како Пробиштип, како Каменица мали ама значајни градови“ истакна Менкиноски

Локални избори 2021