петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 130
home Вести

Менкиноски: Поради неспроведување на претходни одлуки на судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонците, Бугарија може да биде исфрлена од Советот на министри

Менкиноски: Поради неспроведување на претходни одлуки на судот во Стразбур кои се однесуваат на Македонците, Бугарија може да биде исфрлена од Советот на министри

Во вечерашната емисија “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија гостин беше адвокатот Тони Менкиноски, човекот кој издвои две значајни и големи победи на судот во Стразбур за правата на Македонците во Р. Бугарија.

Тој истакна дека во моментов Р. Бугарија е под миниторинг на Советот на министри поради неспроведување на претходните одлуки на судот во Стразбур кои се однесуваат на правото на здружување.

-Имено ние во Бугарија имаме една партија која има 7000-8000 членови, ОМО Илинеден Пирин, која исто така го доби предметот во Стразбур и Бугарија сакајќи да го избегне тој процес, ја префрлаше вината на правосудниот систем. Бугарија се обидува дипломатски и со итрина целиот овој период да не ги спроведува овие одлуки кои претходно се добиени. Иначе Бугарија го има ратификувано Протоколот број 14, каде се бара задолжително спроведување на одлуките на судот во Стразбур. Ова е еден многу важен совет за нашата дипломатија, значи доколку сега Бугарија не ги спроведе и имплементира одлуките може да биде исфрлена од Советот на министри од судот во Стразбур, изјави адвокатот Тони Менкиноски.

Најнови вести

Локални избори 2021