понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 65
home Вести

Менкиноски: Никој не може да се откаже од правата на Македонците во Бугарија со билатерален договор

Менкиноски: Никој не може да се откаже од правата на Македонците во Бугарија со билатерален договор

Тони Менкиноски во своето гостување во утринската емисија на телевизија Алфа рече дека малцинските права во Македонија служат за пример во целиот свет и многу меѓународни институции биле заинтерсирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Според него македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор.

-Најпрво би сакал да почнам од една историска и социолошка констатација дека ние македонците во ново вековната историја никогаш ниту сме асимилирале, ниту сме имале намера некој да асимилираме и тоа е многу битен факт и битна појава. Ако тргнеме од Република Македонија, малцинските права во Република Македонија служат за пример во целиот свет исто така и многу меѓународни институции биле заинтерсирани за примерот на Македонија за почитување на малцинствата. Тоа е внатрешен проблем на Македонија, но македонското малцинство во Бугарија е внатрешен проблем на Бугарија и никој никаде не може да се откаже од правата на македонците во Бугарија со билатерален договор. Со ова сакам да напоменам јас не можам да се откажам од вашите права, тоа во моментов се случува во билатералниот однос помеѓу Македонија и Бугарија, рече тој во своето гостување.

Најнови вести

Коронавирус