четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 9
home Вести

Менкиноски: Ние ли Mакедонците во сопствена држава да одговараме за тероризам?

Менкиноски: Ние ли Mакедонците во сопствена држава да одговараме за тероризам?

Околу опшатата амнестија за “Крвавиот четврток” адвокатот Тони Менкиноски истакна дека воопшто не станува збор за тероризам и смета дека секој треба да си одговара за своите дела, но прашањето е за што.

И ако збориме за амнестија треба малце да се вратиме наназад, рече тој, па од “Глобал” па се навака што се случуваше да ги преиспитаме настаните.

-Тоа е срамота за мене како Македонец да бидат тие луѓе судени за тероризам. Па знаете ли кој се суди за тероризам во Европа? Го вратија македонскиот народ квалификувајќи го делото како тероризам, назад 100 години. Значи кога Македонците се бореле за своја држава. И сметам дека секој треба да си одговара, но прашањето е за што. Ние ли Македонците во сопствена држава да одговараме за тероризам? Како не ви е срам? Знаете ли каква порака праќате кон цивилизираниот свет? Дека ние сме овде едно племе, посочи тој.

Коронавирус