понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 192
home Вести

Менкиноски: Не може да се преговара за идентитетот и за работи за кои има повеќе мртви Македонци отколку живи

Менкиноски: Не може да се преговара за идентитетот и за работи за кои има повеќе мртви Македонци отколку живи

Во гостување на Радио „Лидер“ во емисијата Филибастер, адвокатот Тони Менкиноски во однос ветото од Бугарија и преговорите на Владата рече дека не може да се преговара за идентитетот и за работи за кои има повеќе мртви македонци отколку живи а интелегенцијата е замолчена бидејќи им се гади од оваа тема.

„Оваа влада на чело со СДСМ не знам што имаат ветувано, нели почнаа прво Гоце Делчев бил на двата народи па после бил на едниот, па јазикот, видете, не можете да преговарате за некои работи за кои има повеќе мртви Македонци отколку живи. Тоа е недозволиво да зборуваме за идентитетот. Може да зборуваме за инфраструктура, добрососедски односи, културна размена, но да зборуваме сега во 21 век за ваква работа ќе ни се смее цел цивилизиран свет. А и делумно ни се смее, значи сериозни луѓе во меѓународни институции кога ќе го видат договорот од Преспа се смеат на целата ситуација. Внимавајте вие имате пресуди во судот во Стразбург, имате пресуда во судот во Хаг. Сепак работата е многу сериозна“ нагласи Менкиновски

Менкиноски додаде и дека е многу важно за вака важни прашања Македонскиот народ да биде информиран на време за преговорите што ги води владата.

„Многу важно е дека ние треба да бидеме информирани, тие глупости нон пејпер не знам „блу принт“ ли не знам какви имиња ќе измислат, видете тоа се политичари кои го добиле својот мандат од народот, суверенитетот е во народот значи тие како такви можат и мораат да не информираат за она што е предмет на договарање. Предмет на договарање ви кажав влегуваме во Европска Унија треба да бидат темите на Европска Унија да зборуваме за корупција, добро, ако Бугарија смета дека имаме корупција да зборуваме за корупција, значи тема треба да биде европска унија не може да биде Гоце Делечев. Мислам дека интелегенцијата е замолчена од што им се гади на оваа тема“ заклучи Менкиноски.

Најнови вести

Локални избори 2021