сабота, 17. април 2021. Вести денес: 0
home Вести

Менкиноски до Дескоска: Непријатно е чувството да бидете министер за правда во влада со криминален премиер, тогаш станувате пиун на криминалот

Менкиноски до Дескоска: Непријатно е чувството да бидете министер за правда во влада со криминален премиер, тогаш станувате пиун на криминалот

Адвокатот Тони Менкиноски преку својот Фејсбук профил и се обрати на Министерката за правда Рената Дескоска.

Во продолжение Ви го пренесуваме неговиот Фејсбук статус:

Министерката која молчи на неправдите на власта, а треба да ја води правдата и нема баш некој особен кредибилитет да говори за тоа што е праведно, а што не! Г-а Дескоска треба да е свесна дека води министерство во ерата на најголемите неправди и политички прогони водени од посткомунистичкиот период до сега. И е ре презент на влада која е потопена во криминал и скандали, и не само што не треба да се гордее, туку треба да се срами.

Кога говори за фрустрации пак, нема поголема од тоа да сте професор по право, да сте министерка за правда, а да мора да браните криминал, да спроведувате неправда и да одобрувате не правнички гимнастики на “шефот”. Па така не толку далеку од денес ќе се запамети нејзината изјава дека ако нема решение за законот за обвинителство за што треба 2/3 мнозинство ќе се менувал советот на јавни обвинители. Со други зборови на тацна се гледа дека за нив е неважно правото и реформите, туку се гледаат задните намери и спремноста за не правничка гимнастика само за да се одоброволи “шефот” кој пак грчевито се бори за држење на конците за политички притисоци и амнестија на криминалните случаи. Кога говори за црвени линии на правдата, проблемот е што тие кај СДСМ не постојат. Оттука ќе ја прашам Дескоска какви беа вашите црвените линии во случајот Рашкоски, Курто Дудуш, Пратеник на психотропни супстанци, Рекет, криминални иновации…

ВМРО-ДПМНЕ е растеретена од било каков багаж и ја интересира правдата, и нашите решенија се тие кои ќе обезбедат правда, владеење на правото, и таа битка допрва почнува и ќе ја водиме секој час, секој миг.

Од друга страна ја разбирам непријатната состојба на министерката, иако не ја оправдувам. Сигурно е непријатно чувството да си министер за правда, во влада на криминален Премиер. Да мора да зборувате за закони, а да нема закон кој не е прекршен, да се смешкате и да молчите кога треба гласно да зборувате за Глобал, за поклоните на Вартоломеј, за куфер политиката. Молкот значи дека го одобрувате сето ова, дека сте слуга на неправдата и пион на криминалот. Но секој со својот ум.

Коронавирус