сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Менче Атанасова Точи револтирана од оваа власт: Ај ве молам ставете разумни луѓе, со деца ли си имаме работа, стемнето ми е веќе

Новинарката Менче Атанасова Точи во својот пост на Фејсбук побара од власта да стави поквалитетни и разумни луѓе во здравството.
Менче Атанасова Точи револтирана од оваа власт: Ај ве молам ставете разумни луѓе, со деца ли си имаме работа, стемнето ми е веќе

Незадоволоството од политиките на власта во последниот период станува се поголемо, како од економската, од политиката околу спорот за името, за законот за јазиците, така и за здравствената политка на власта.

Новинарката Менче Атанасова Точи во својот пост на Фејсбук побара од власта да стави поквалитетни и разумни луѓе во здравството.

-Толку од транспарентноста на оваа власт. Ај, ве молам ставете поквалитетни и разумни луѓе. Со деца ли си имаме работа, пишува Менче Атанасова Точи.

Иначе ова не е единствен пример каде што Атанасова Точи ја напаѓа власта. Таа вели дека работата на власт е лош политички маркетинг, дека власта треба да биде благодарна на народот, а не народот на власта.

-Не треба политичарите да ни го “даваат” тоа што ни е со Устав гарантирано, ниту ние да им се заблагодаруваме за тоа. Тоа е само лош политички маркетинг кој треба да биде минато. Тие треба да ни се благодарни на нас, не ние на нив. Така е во здравството, културата, секаде. Ако кажам повеќе, ќе бидам лошо разбрана, пишува Атанасова Точи на Фејсбук.

Новинарката Менче Атанасова Точи претходно на Фејсбук напиша дека директорот за Агенцијата за лекови, Роберт Бекировски направил превид во пратката од ноември и бразилските инсулини ги пуштил како да се од Данска.

-Директорот на Агенцијата за лекови, Бекироски направил превид во пратката од ноември и бразилските инсулини ги пуштил како да се од Данска. Грешката ја забележал дури во втората испорака во декември кога екпресно било издадено одбрение. Министерството за здравство пак, распишало набавка на инсулини во четири очи иако тендерот важи до наредната година, напиша таа на Фејсбук.

Најчевска жестоко до пратениците што гласаа за Филипче, новиот министер на Заев: Срам да ви е, не ве избравме за ова, од мене нема да бидете избрани пак

Во својот најнов Фејсбук статус провладината активистката од СДСМ Мирјана Најчевска жестоко удри по пратениците што гласаа за новиот министер за здравство Филипче.

-Срам да ви е. И тебе Ирена и мој Павле и Маја и на сите што тврдите дека мислите со свои глави.
Немој утре да слушнам дека не сте знаеле, дека ви биле врзани рацете, дека сте имале семејства за ранење или нешто слично.
Не ве избравме за ова. Да знаете.
И за мене, изгубивте шанса да бидете избрани пак. Барем не од мене, пишува во својот најнов пост Најчевска.

Во овој нејзин пост најверојатно таа мисли на пратениците Ирена Стефоска, активистот на Шарената револуција Павле Богоев, како и Маја Морачанин од ДОМ на кои јавно им порача да се срамат од донесената одлука за избор на нов министер за здравство.

Инаку Најчевска преку својот Фејсбук повикуваше на гласање против новиот министер Филипче уште пред неколку дена кога во својата објава на ФБ напиша дека заслужуваат подобро, а со Филипче им се нуди истото.

-Од моите мислечки другари во Парламентот очекувам да гласаат против Филипче за министер за здравство.
Од принцип.
Затоа што се отепавме викајки ЗАСЛУЖУВАМЕ ПОДОБРО, а сега ни се нуди исто, стои во статусот на Најчевска.

Инаку мегафонот на СДСМ Најчевска јавно го критикуваше и министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски кој дозволил распродавање на државно земјиште за 70 денари.

-Ова е распродавање на земјата, знаете нели?
Дали не прашаа нас граѓаните за дозвола да ја распродаваат за евтини пари нашата сопственост?
Врз основа на кои анализи, процени, визии, планови? Врз основа на кои јавни дебати, расправи собрани мислења?
Колку да прашам, стои во постот на Најчевска.

Дали е ова средба на Шекеринска, Филипче и директорката на хематологија Ирина Ставридис Пановска и дали темата се тендерите во здравството?

На социјалните мрежи се појавија фотографии за кои граѓаните се прашуваат дали на нив се новиот министер за здравство Венко Филипче, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и директорката на хематологија Ирина Ставридис-Пановска.

Се поставува и прашањето што била темата на разговорот? Дали можеби тема на разговорот била поделбата на тендерите во здравството?

Инаку, МКД.мк пишува дека овој потег на Владата предизвика лавина од негативни реакции. Не поради неговата стручност и квалификации, туку поради неговата претходна активност и семејни врски кои отвораат сериозни дилеми за можен конфликт на интереси. Се објавија бројни информации кои навистина покажуваат една поинаква заднина на ова најново кадровско решение на Заев.  МКД во текстот продолжува дека Филипче во периодот додека на власт беше ВМРО-ДПМНЕ беше член и на Професорскиот контра пленум. Прашан денес зошто тоа го сторил, Филипче изјави дека бил доведен во забуна од негов специјализант кој му кажал дека потпишува иницијатива за реформи на Медицинскиот факултет. Филипче беше учесник и на лекарските контра протести кои беа организирани од ВМРО-ДПМНЕ, како к