вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 140
home Вести

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Меморијален турнир во мал фудбал во чест на загинатите бранители

Во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ – мала сала, денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска ќе го отвори Меморијалниот турнир во мал фудбал кој се одржува во чест на загинатите бранители.

На турнирот ќе настапат 16 екипи од ГШ на Армијата, МВР и победнички екипи од одржани локални турнири низ општините.

Меморијалниот турнир е во организација на Здружението на членовите на семејствата на загинатите припадници на вооружените сили и во соработка со Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи, а покровител на настанот е министерката Шекеринска.