вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Мемети: Не е безбедно да се оди на избори откако ќе се укине вонредната состојба во државата

Мемети: Не е безбедно да се оди на избори откако ќе се укине вонредната состојба во државата

Директорот на Институт за јавно здравје, Шабан Мемети во своето гостување во телевизија 24 истакна дека не е безбедно да се оди на избори за двесетина дена откако ќе се укине вонредната сотојба во државата. Според него најважно е здравјето на граѓаните.

-Вонредната сотојба ќе се укине врз основа на препораките на комисијата за Министерво за здравство. Ќе ја следиме ситуација, ќе ги видиме реузлатите како ќе испаднат со Ковид 19 и врз основа на тоа ќе дадеме препораки на Министерството за здравство, Владата и другите институции. Јас не верувам дека за дваесетина дена откако ќе заврши вонредната сотојба е безбедно да се оди на избори. Некој спомна да се оди на избори со маски , но нас не ни значи ништо месец или два да почекаме кога ни е приоритет здраствената состојба на граѓаните, додаде Мемети.

Коронавирус