среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Мемеди: Најавите за одложување на изборите се доказ дека Владата се плаши од избори

Мемеди: Најавите за одложување на изборите се доказ дека Владата се плаши од избори

Најавите кои доаѓаат од страна на претставници на Владата за одложување на изборите се доказ дека тие се плашат од соочување на избори, смета Ремзи Мемеди од Алијанса за Албанците.

Тој во своето синоќешно гостување во емисијата “Патот кон“ на Алсат-м телевизија, истакна дека причините за одложување на изборите кои се споменуваат во јавноста не се издржани и дека прашањето на НАТО интеграцијата за Македонија е завршена работа и дека тоа е само техничка работа која ќе се заврши со консолидирањето на шпанскиот Парламент.

– Изборите не треба бидат одложени, бидејќи не држат причините кои се спомнуваат. Прашањето на НАТО нема врска со внатрешните работи во Македонија туку со изборите кои се во Шпанија. И на крајот на краиштата, тое е техничко прашање за кое откако ќе се формира шпанскиот Парламент, се става тоа на дневен ред. Тоа прашање за Македонија заврши во моментот кога се направени уставните измени и кога се смени името.

Најавите кои доѓаат од Владата за одложување на изборите е доказ дека тие се плашат да се соочат на избори, рече Мемеди.