недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Вести

Мелничарите пред колапс, догодина ќе немаат капацитет да ја откупат пченицата

Мелничарите пред колапс, догодина ќе немаат капацитет да ја откупат пченицата

Мелничарите за почетокот на новата жетва 2021 ќе бидат тотално колабирани, ќе немаат можност да купат пченица. Откако почна корона панедмијата два млина ставија клуч на врата. Едниот од нив беше трет по големина на македонксиот пазар.

Како што вели за МИА претседателот на Здружението на мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора на Македонија, Горан Малишиќ, мелничарите моментно работат со преполовен капацитет.

Поскапувања на лебот и пецивата досега немаше, но како ќе биде понатаму, дали ќе има евентуално некакви промени, не може да се каже со сигурост.

-Од 70 млинови во земјава, работат само девет. Но, тие девет, ако лани работеле со 35 – 50 од капацитетите, сега работат со максимум 20 проценти. Не само поради нелојалната конкуренција од Србија која никако да се регулира со години, односно да се почитуваат законите и правилниците од страна на релевантните институции, туку и поради намалената потрошувачка на брашно. Пред КОВИД-от дневно 200.000 ученици и студенти одеа во школо и на факултет, плус 100.000 наставници и професори, дополнително и помошен персонал или вкупно околу 500.000 луѓе. Сите тие се хранеа со буреци, сендвичи, пецива, пици,… Таа потрошувачка денеска е преполовена, сведена на 50 отсто, објаснува Малишиќ.

Групацијата на мелничари досега неколку пати имала средби со владини претставници на кои го изнеле свото барање за субвенции.

-Три пати досега бевме кај министерот за земјоделството, еднаш кај вицепремиерот, а по божиќните празници треба да одиме и кај премиерот Заев. Бараме за 2020 година и редовно секоја година да бидеме субвенционирани зашто во спротивно, сме готови, а индиректно ќе изумре и домашната пченица која е заштитена со закон како најважна полјоделска култура за прехрана на населението во вакви светски кризни состојби, истакнува Малишиќ. (МИА)

Коронавирус