сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 130
home Вести

Мекиноски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за Антикорупција

Мекиноски: ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на законот за Антикорупција

Најнапред постојат голем број на контрадикторности во самиот закон, и првиот впечаток кој може да се забележи во овој закон е дека намерата ви била да вдомите некого, да му ја покачите платата и 4 години добро да опстојува на терет на Буџетот на Република Македонија, што не претставува воопшто никаква борба со антикорупцијата, вели адвокатот Тони Мекиноски на денешната комисија.

Според него апсурдно е и е против сите меѓународни стандарди што во законот се предвидува дека само антикорупциската комисија може да ја креира антикорупциската комисија во Република Македонија.

Тој додаде дека многу жали што народниот правобранител воопшто не бил повикан бидејќи според него тој имал голема улога за ова прашање.

-Нашиот предлог во овој дел е да се состави македонски и национален совет за борба со антикорупцијата бидејќи се мешаат многу теми и тој совет да го води Народниот правобранител. Зошто? Затоа што ние имаме многу тела кои се занимаваат како што е јавното обвинителство, антикорупциската комисија, државната ревизорска комисија, УЈП, Агенцијата за перење на пари, кои во моментот во Република Македонија функционираат како раштиман оркестар, додаде Мекиноски.

Мекиноски смета дека е многу важно да се обрне посебно внимание на делот кој се однесува на корупцијата во одредени сфери во Република Македонија.

Адвокатот Мекиноски истакна дека доколку се сака да се реши проблемот со корупцијата мора да се направи нешто и а се започне со решавање веднаш, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе амандмани на овој закон.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи амандмани за овој закон. ВМРО-ДПМНЕ ќе даде реални решенија за разрешување на оваа таканаречена агонија, смета тој.

На крај Мекиноски упати една порака во која порача дека македонскиот народ е сит од решенија кои се само козметика.

-Народот е сит. Македонците се сити од вакви решенија кои се само козметика. Македонците бараат и мислам дека ќе го добијат низ призма на нашите амандмани реално решавање на проблемот на антикорупцијата, потенцираше тој.

Најнови вести

Локални избори 2021