среда, 2. декември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Менкиноски: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ бара некаква скриена амнестија, ако некој некого амнестирал тоа е СДСМ

Менкиноски: Не е точно дека ВМРО-ДПМНЕ бара некаква скриена амнестија, ако некој некого амнестирал тоа е СДСМ

Никогаш не дадоа одговор на нашите амандмани. Ние дадовме 65 амандмана на закон кој има 100 члена. Тоа е скоро две третини од законот и воопшто никогаш не кажаа дали ги прифаќаат нашите амандмани или не. Секогаш одеа со некоја флоскула дека ние бараме некоја скриена амнестија. Но, во законот не се зборува за никаква амнестија, ниту пак има такви одредби за некој да се амнестира, вели адвокатот и претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ Тони Менкиноски во денешното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа.

Мекиноски потенцираше се соочиле со многу несериозен и непрофесионален пристап од страна на СДСМ, додавајќи дека новиот закон за јавно обвинителство ваков каков што е всушност плагијат односно препишан од законот од Хрватска.

-Имаме тотално несериозен пристап, значи несериозен и непрофесионален пристап од страна на СДСМ. Во неколку прилики ние кажавме дека законот е плагијат, односно препишан закон од хрватскиот закон, значи до одредба до запирка. Зар не е срамота од толку институции кои ги имаме ние да донесеме еден таков закон, праша Менкиноски.

Коронавирус