недела, 9. мај 2021. Вести денес: 85
home Вести

Мекдоналдс се враќа во Македонија

Мекдоналдс се враќа во Македонија

Промените не стивнуваат и во периоди на пандемија, а македонскиот пазар станува атрактивна локација за нови инвестиции. По цели 8 години, интернационалиот гигант за брза храна „McDonald’s“, кој без престан работи на експанзија во речиси сите држави, доаѓа и кај нас, дознава Фактор.

Иако постојано се отвораат нови оператори за брза храна, сепак за многумина уживатели на брза храна  „McDonald’s“ е омилено место.

Цените и куповната моќ се едни од главните индикатори за одредена експанзија и влез на одредени брендови. Имајќи предвид дека 2021 година навестува динамични промени, како отворање на најголемиот трговски центар, се чини дека за американскиот гигант нашата држава претставува соодветно место за експанзија.

Коронавирус