петок, 4. декември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Меѓународна научна конференција „Македонија: историја, јазик, култура“

Меѓународна научна конференција „Македонија: историја, јазик, култура“

Tри научни институти при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Институтот за национална историја, Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања и Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, заедно со Републичкото здружение на децата бегалци „Т’га за југ“, по повод 70-годишнината од завршувањето на граѓанската војна во Грција организираат меѓународна научна конференција насловена „Македонија: историја, јазик, култура“.

Научната конференција што ќе се одржи во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков“, ќе биде еднодневна и ќе биде поделени во три тематски целини: историја и образование, јазик и литература и култура и политика.

Се очекува научната конференцијата да ја отвори ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф д-р Никола Јанкуловски. (МИА)

Коронавирус