среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 169
home Вести

Меѓународен ден на Ромите

Меѓународен ден на Ромите

Меѓународниот ден на Ромите 8 Април денеска во Собранието на Република Северна Македонија ќе се одбележи со настан насловен „Предизвиците и перспективите на Ромите во Република Северна Македонија“ во организација на Здружението на граѓани „Ромаверзитас“.

Како што е најавено, претседателот на Владата, Зоран Заев и заменик на претседателот задолжен за европски прашања, Бујар Османи ќе имаат свои воведни обраќања.

Предвидено е и обраќање на Самуел Жбогар, шеф на Делегацијата на Европската Унија и на Надир Реџепи, извршен директор на Ромскиот Образовен Фонд (РЕФ).

Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април  официјално е прогласен во 1990 година  на Светскиот конгрес на Меѓународната унија за Ромите во Полска. На конгресот претставници на Роми од 14 држави донесоа одлуки за знаме, химна, за прогласување на ромскиот јазик и за воведување на терминот Ром.

На Првиот конгрес на Роми во Лондон во 1971 година, ромскиот јазик е деклариран како официјален јазик на сите Роми во светот. (МИА)

 

Коронавирус