четврток, 5. август 2021. Вести денес: 172
Вонредна вест

ЦРНА СТАТИСТИКА ВО МАКЕДОНИЈА: Од коронавирус починаа 4 лица, 219 новозаразени

home Вести

Меѓу починатите од Ковид и 31-годишна трудница од гостиварско

Меѓу починатите од Ковид и 31-годишна трудница од гостиварско

31-годишната пациентка од Гостивар која почина на Инфективната клиника во Скопје како заразена од Ковид 19 е трудница која на 26-ти мај е потврдена како позитивна и била итно оперирана од гинеколози пред да биде сместена на Инфективна.

Во гинеколошка итна операција на 26-ти мај, пациентката е оперирана и е изваден мртов плод.

Веднаш била префрлена на инфективната клиника каде била под надзор на гинеколози, епидемиолози, трансфузиолози и на инфектолози.

-ДЗСИ секојдневно го следеше лекувањето на трудницата и од аспект на нашите овластувања нема никакви забелешки за лекарските интервенции односно на пациентката и се дадени сите терапии и соодветна нега, ни изјави др Иринка Бухова Сотирова, директор на ДЗСИ.

Пациентката од гостиварско е втора бремена жена која по породување односно по гинеколошка интервенција починала од последици на КОВИД 19. Претходно 26-годишна жена од Куманово се породи, а потоа почина на инфективна клиника.

Денеска Министерството за здравство соопшти дека во последното деноноќие од корона починале 8 пациенти, а се регистрирани рекордни 196 новозаболени.

Коронавирус