сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 30
home Вести

Меѓаши: Не смее да има забрана за невакцинирани деца во градинките и училиштата

Меѓаши: Не смее да има забрана за невакцинирани деца во градинките и училиштата

Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ се јави со реакција на забраната деца кои не се вакцинрани, да не бидат примани во градинка или во училиштата.

Ниедно дете не смее да биде исклучено од образовниот процес, без оглед на здравствената состојба или вакциналниот статус. Свесни сме дека во состојба на епидемија јавното здравје има приоритет и државата мора да преземе соодветни мерки со цел да го заштити населението и истото го поддржуваме, но државата мора да најде соодветни форми и механизми со кои ќе обезбеди грижа, згрижување, образование на сите деца, се вели во соопштението на „Меѓаши“.

Според „Меѓаши“, родителите треба и мора да бидат целосно информирани за значењето на имунизацијата, но и за сите позитивни и негативни ефекти од истата, како и информации за квалитетот и безбедноста на вакцините.