петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 151
home Вести

„Мегаломански буџет, нереален и неразвоен“

„Мегаломански буџет, нереален и неразвоен“

Зоран Заев и Нина Ангеловска го скроија најмегаломанскиот буџет во историјата на државата. Власта догодина планира да потроши 4 милијарди евра, се вели во партиското соопштение на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-И додека буџетот е зголемен за 200 милиони евра, од стапката капитални инвестиции власта предвидува 43 милиони евра помалку од оваа година. Заев предвидува помалку пари за патишта, пруги и гасоводи. Но затоа има над 850 милиони евра за стоки и услуги. Власта расипнички и недомаќински се однесува со парите на граѓаните, и затоа и одвојува над 180 милиони евра повеќе за стоки и услуги од оваа година. Тоа се пари кои ќе се трошат за привремени вработуваеа, тендери и дневници за функционерите. И додека се фалат дека буџетот е за граѓаните. Имаме намалување на 17% од стапката за наука. Нема повеќе пари ниту за земјоделците, истакнуваат од партијата.

Овој буџет е неразвоен и нереален. Тој не ги отсликува реалните потреби на граѓаните и државата, додаваат од таму.

Најнови вести

Коронавирус