петок, 19. јули 2019. Вести денес: 60
home Вести

Мега скандал- Шилегов и СДСМ прават голема изборна измама со вработување на 700 партиски војници

Мега скандал- Шилегов и СДСМ прават голема изборна измама со вработување на 700 партиски војници

Мега скандал е што во изборна година Градот Скопје и Петре Шилегов носат планови за вработување на над 700 партиски војници во само две јавни претпријатија, истакна Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тука се плановите за вработувања за следната година каде што јасно се гледа дека над 700 луѓе ќе бидат вработени. Ова преставува вовед во изборна манипулација и може да се толкува како корумпирање на гласачкото тело. Изборниот период се уште незапочнат е компромитиран со сомнеж за предизборна корупција од страна на СДСМ и владата. Од овие 700 вработувања, во ЈП Комунална хигиена се вработуваат 300 нови работници, а во ЈСП се планира вработување на 403 лица. И двете претпријатија опстојуваат поради субвенции на градот Скопје и бележат загуби, а сега граѓаните ќе мора да ги плаќаат и овие 700 нови партиски војници кои што ќе ги вработи СДСМ, рече Арсовски и додаде:

„Овие 700 вработувања на партиски војници не може никако да се толкуваат поинаку освен како корумпирање на гласови пред изборите. Додека се вработуваат 400 партиски војници во ЈСП, одат во пензија само 30 луѓе во првата година, а во ЈП Комунална Хигиена се вработуваат 300 луѓе при што само 29 ќе одат во пензија, односно 10 пати повеќе се вработуваат од онолку колку што одат во пензија. Ова се вика натрупување на државната администрација со партиски војници. Се работи за раководни звања, раководители на сектори, на одделенија, заменици раководители, советници“.

Според Арсовски, со ова, Петре Шилегов и СДСМ прават голема изборна измама со вработување на 700 партиски војници.

-Заев, Шилегов и СДСМ дека правеа цела кампања дека администрацијата била пренатрупана од страна на минатата власт. Кога лажеа, тогаш кога ја уверуваа јавноста дека има превработеност или сега кога прават планови за 700 нови вработувања, а само 60-тина луѓе ќе одат во пензија. Дали Заев и Шилегов со планот за 700 нови партиски вработувања прават вовед во еден изборен фалсификат на следните претседателските избори? Како ќе се има доверба во кредибилноста на изборниот процес кога се корумпираат гласови со планови за 700 нови вработувања. Ова уште еднаш докажува дека СДСМ нема намера да реализира ниту еден проект, туку нив само ги интересира криминал. Ова е огромен скандал на кој што очекуваме одговори уште веднаш.