сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Меџити: Со консензуалниот концепт го отвораме патот да ги имаме функциите кои со бројки не можеме да ги освоиме

Меџити: Со консензуалниот концепт го отвораме патот да ги имаме функциите кои со бројки не можеме да ги освоиме

Потпретседателот на ДУИ и шеф на изборниот штаб за претседателските избори, Изет Меџити, во синоќешното гостување во дебатниот магзин „Клик Плус“ на телевизија 21, истакна дека тие како политичка партија инсистираат на концептот консензуален претседател затоа што само на тој начин можат да раководат со трите најважни функции во државата, како што во случајов раководат со функцијата Претседател на Собранието.

Без подршка од некоја од македонските партии, потенцира Меџити, тие како Албанци и како албанска политичка партија ги немаат неопходните бројки во гласови за да можат самостојно да ги освојат клучните државни функции, без разлика дали се избираат во Собрание или пак на непосредни избори и затоа единствен начин да дојдат до овие раководни државни функции е поддршката за избор на консензуални кандидати со македонските парии.

– Потенцирам дека со консензуалниот принцип ние го отвораме патот, да во иднина, во континуитет да ги имаме позициите кои со бројки ме можеме да ги постигниме. Овој пат Претседател на Парламентот, наредниот пат може да биде Претседател на државата или пак Премиер. Значи, со овој принцип ние го фактиризираме албанскиот глас и ја отвораме можноста да се создадат нови вредности за Албанците, рече Меџити.

Најнови вести

Коронавирус