вторник, 27. октомври 2020. Вести денес: 99
home Вести

Медиумите од регионот за Катица Јанева: „Некогаш ведреше и облачеше а денес …“

Медиумите од регионот за Катица Јанева: „Некогаш ведреше и облачеше а денес …“

Медиумите од соседството будно ја следат ситуацијата со аферата „Рекет“ во државата поради која во притвор завршија три осомничени лица.

Меѓу нив е и поранешната специјална обвинителка Катица Јанева која во вторникот беше на соочување со обвинителката Вилма Русковска.

За Катица медиумите од регионот пишуваат дека некогаш ведрела и облачела а „денеска“ завршила зад решетки.

Катица на сослушување беше донесена со лисици на рацете.

Адвокатите на поранешната специјална обвинителка по вчерашниот распит во Јавното обвинителство за организиран криминал рекоа дека осомничената ќе достави гаранција до судот со која ќе се бара ослободување од притвор откако официјално заврши истрагата.

– Со завршување на истрагата, отпаѓа можноста за влијание на сведоците. Ние же понудиме гаранција против евентуално бегство. Уште утре ќе се обратиме до судот. Притворот е мерка што треба да трае што е можно помалку, рече Кадиев пред новинарите.

 

Коронавирус