четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 82
home Вести

Медицински лица чекаат вработување, а нивна работа по болниците ја вршат роднини на пациентите

Медицински лица чекаат вработување, а нивна работа по болниците ја вршат роднини на пациентите

Додека болниците во земјава се соочуваат со недостиг на медицински кадар, вработување чекаат 2.098 медицински сестри и техничари и 279 лекари.

Во тетовската болница проблемот со немање на медицински кадар довел до таму, роднини на пациентите да влегуваат во ковид центрите и да дежураат заедно со медицинските лица за да им се најдат на нивните најблиски иако не се обучени за тоа.

„Како роднини на пациенти заболени од КОВИД-19 побаравме и добивме дозвола да му помагаме на болничкиот персонал во грижата за болните. Престојуваме во болничката соба заштитени со маски и скафандери. Како роднини се менуваме па еден дежура ноќе друг дење. Во собата се сместени петмина пациенти, па некогаш се случува крај нивните кревети да дежураат петмина роднини. Имаме разбирање дека персоналот не може да постигне да им пружи соодветна грижа на сите“, раскажаа роднините за една од телевизиите.

Но, од друга во Заводот за вработување во Тетово над 600 медицински сестри и 20 лекари со години чекаат да се вработат но никој од надлежните не сака да го реши овој проблем за и пациентите да добијат соодветна заштита но и овие невработени лица да добијат шенса да работат тоа што се обучени.

Со сличен проблем се соочува и струмичката болница, односно дури и да заврши регионалниот ковид центар во Струмица, тешко дека ќе профункционира бидејќи нема кој во него да работи. Диркеторот на струмичката општа болница вели дека нема медицински персонал, а дополнително имаат голем број вработени во самоизолација.

Овој ковид центар требаше да биде сместен во новиот крак на болницата, но засега неговото отварање е неизвесно и покрај тоа што болницата и понатаму е преполна со пациенти.

Најнови вести

Коронавирус