понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 138
home Вести

МДС со најостра критика до МНР: Трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период треба да запрат и да продолжат по парламентарните избори

МДС со најостра критика до МНР: Трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период треба да запрат и да продолжат по парламентарните избори

Македонскиот дипломатски синдикат упатува најостра критика до раководството на Министерството за надворешни работи за спроведената изборна постапка за упатување дипломати на работа во дипломатско-конзуларни претставништва.

-И покрај бројните укажувања на Синдикатот за воспоставување пракса ваквите упатувања да се вршат во соодветен период, вчера, на само една недела пред формирањето на техничката Влада, беше извршен избор на 18 дипломати и 2 административци. Покрај сомневања дека упатувања во предизборен период се лесно подложни на политизација, Синдикатот е на мислење дека ваквата постапка е крајно непринципиелна, имајќи предвид дека пред само две години, во слична ситуација, со обратно поставени улоги, беше стопирано упатувањето во странство на веќе избрани дваесетина дипломати, велат од Македонскиот дипломатски синдикат и додаваат:

„За добро на македонската дипломатија, крајно е време да се престане со пракса на двоструки аршини и да се воспостават постојани правила на игра, без оглед на актуелната политичка коњуктура. Македонскиот дипломатски синдикат ја критикува постапката за упатување и од формално-технички аспект, бидејќи раководството на МНР не одговори позитивно на барањето за учество и не дозволи наш претставник да учествува во изборот како член на Изборната комисија. Со ова нашите сомневања уште повеќе се поткрепија. Уште еднаш укажуваме дека трите процеси што упорно се туркаат во предизборниот период во МНР – донесување нов Закон за надворешни работи, упатување дипломати и упатување амбасадори – треба да запрат и да продолжат по парламентарните избори“.

Коронавирус