четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 134
home Вести

МД „Илинден” ги повикува Македонците во Албанија да гласаат за Тамара Тодевска

МД „Илинден” ги повикува Македонците во Албанија да гласаат за Тамара Тодевска

Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо ги повикаа Македонците во Албанија да гласат за Тамара Тодевска, годинашен претставник на Репулика Македонија на изборот за Песна на Евровизија.

Во апелот друштвото потсетува дека на изборот за Песна на Евровизија 2019 во Тел Авив, Израел,Тодевска настапува на 16 мај на полуфиналната вечер и зависно од добиените гласови, ќе биде пласирана за финалната вечер што ќе се одржи на 18 мај 2019 година.

-Гласовите кои ќе бидат дадени од Албанија, ќе можат да му помогнат на нашиот претставник да учествува во финалната вечер. Ве замолуваме активно да се вклучите и во лобирање за гласање, меѓу вашите роднини, пријатели, колеги, соседи и познати. На тој начин ќе и дадеме поддршка на културата на нашата татковина Македонија и нејзината промоција во музичкиот свет во Европа, стои во апелот потпишан од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и на огранокот за Голо Брдо,Или Халилај.

Друштвото апелира за Тамара да гласаат и Македонците каде и да се низ светот, со што „ќе ја искажат и љубовта кон нивната матична земја“