четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 180
home Вести

Мавровските спортски убавини низ фотографии

Мавровските спортски убавини низ фотографии

Убавините на Маврово го релаксираат умот и телото на секој посетител. Природата, поставеноста на природните елементи, спортските терени, дрвата и езерото, овозможуваат целосна хармонија на човекот со природата. Пејсаж создаден за спортски успеси.

Маврово е идеална локација за висински подготовки за колективните и поединечни спортови пред почетокот на сезоната, како за одржување на физичката подготвеност. Покрај природните благодати, Спортскиот центар Маврово располага и со нова спортска сала. Удобна, префинета – едноставно, вклопена во природата на мавровските убавини. Ги нуди сите неопходни услови за спортистите и спортските тимови да ги реализираат своите замисли.

Внатрешноста на салата ги исполнува стандардите за ракомет, одбојка и кошарка, непроценливо надополнувајќи ги природните услови во околината. Во салата е сместена и комплетно опремена теретана соодветна за подготовки на сите спортисти. Малата трибина е одлична за навивање и поддршка при организирање пријателски натпревари за колективните спортови. Центарот ги има сите услови за да функционира стопроцентно и во текот на зимскиот период. А, надвор на располагање е и фудбалското игралиште што го прави Спортскиот центар Маврово уникатна спортска дестинација во Македонија.

Условите за тренинг во салата на Спортскиот центар Маврово веќе ја искусија многу тимови, кое своето задоволство ги изразуваат преку повторно закажување на термини за тренинзи и спортски кампови.

Релаксирањето, дружењето и фантастичната храна се дел од спортскиот „декор“ во Ресорт Маврово. Секако, дружењето на спортистите овозможува социјализација и релаксирање во природата и убавината кои ги нуди Маврово.

Најнови вести

Коронавирус