понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Мавровски: Вработените во РЕК Битола работат со недоволна механизација, а раководоството спие

Мавровски: Вработените во РЕК Битола работат со недоволна механизација, а раководоството спие

Спиро Мавровски, поранешен пратеник при своето гостување во емисијата „Заспиј ако може“ на Алфа телевизија посочи дека РЕК Битола работи со недоволно механизација, а раководството не се залага да обезбеди повеќе механизација, вработените мака мачат таму. Градоначалничката на Битола дели клими, а електрична енергија нема доволно.

„Во моментов, треба официјално да побарате од раководството, од господинот Васко Ковачевски колку машини во моментов работат со договор на дело. Не за овие три што се говори, последен договор е од пред Нова година, колку што успеав јас да видам, некаде декември месец. Значи колку за минатата година, или за оваа година, колку имаме машини кои што во моментов работат во РЕК Битола“, запраша Мавровски.

Мавровски појасни дека со четири машини се работи. Значи се работи за огромен комбинат, ете последната слика кога беше таму целото раководство, а рудникот беше полн со вода, тоа не може да се отстрани без да имате пумпи, без да имате ровокопачи, без да имате булдожери, таму е потребна комплетна механизација која нон стоп ќе го прати работењето.

„Следното со ова темпо е поголема хаварија, и уште поголеми средства“, нагласи Мавровски.

Мавровски додаде дека за изборите власта направи многу притисоци и тоа доста јавно и транспарентно. За време на изборите цел РЕК беше повикан од раководството и на секој му се кажа за кого да гласа.

ЕУРО 2020

Македонија