среда, 2. декември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Блокада на Владата и МНР - „Оставка на Заев, слобода на народот“

home Вести

„Маваме во дното според капиталните инвестиции“

„Маваме во дното според капиталните инвестиции“

Маваме во дното според капиталните инвестиции

Официјално месец Октомври 2019 е најлошиот од редицата исти месеци за периодот 2009-2019 според реализираните капитални инвестиции. Срамни 750 милиони денари се целокупните инвестиции кои ги реализирала владата на СДСМ и ДУИ во инфраструктурата на Македонија во текот на месец Октомври 2019 година. За споредба и воочување на фактите, вториот најлош Октомври во анализираниот период е во 2018 година, со инвестирани 1 милијарда денари. И тогаш, како и сега, СДСМ и ДУИ се на власт.

Нашиот пад е длабоко загрижувачки, за време од една година, за анализираниот период инвестициите се намалиле за 25%. Во ситуација на надворешно опкружување во кое економскиот развој во светски и регионални рамки го доживува својот максимум, а инвестициите во инфраструктурата се во примарен фокус, нашиот безнадежен владин тим води безнадежна политика и ги упропастува целокупните напори за економски развој.

Доколку ги споредиме бројките за првите десет месеци од 2019 година, фактите кажуваат дека владата на СДСМ и ДУИ единствено се борат за своите привилегии и безобразни уживања. Животниот стандард на граѓаните, економскиот раст, индустрискиот развој и инфраструктурната изградба се оставени на немилоста и судбината од остатоците на владиното работење. Вкупните реализирани капитални инвестиции за првите десет месеци од 2019 се 9,26 милијарди денари. Тоа се 35,67% од првично планираните 25,97 милијарди денари или 40,79% од ребалансираните 22,70 милијарди денари. Анализата е извршена врз основа на првично планираните капитални инвестиции, бидејќи владата ветуваше економска година со високи капитални инвестиции и ние треба да ја држиме одговорна за ветеното.

Од особена потреба и важност се капиталните инвестиции!
Сите ние сме за чиста питка вода, добри стандарди и услови за живеење, градење и домување, модерни болници, безбедни патишта, нови мостови, железница, аеродроми и сигурен енергетски систем. Овие цели се постигнуваат преку модерна, одржувана и безбедна инфраструктура. Затоа ни се потребни капиталните инвестиции. Мисијата на секоја влада треба да биде интензивно и ефикасно инвестирање во споменатата инфраструктура бидејќи истата е предуслов за одржлив економски развој, за подобрување на приватниот сектор, за побрзото движење на граѓаните, производите и услугите, за ослободување, стимулирање и мобилизирање на приватните инвестиции, за раст на вработувањата и платите, за подобар квалитет на животот и вложувањето во иднината на државата.

Секојдневно читаме и слушаме за држави кои имаат економски успех. Единствен начин да се успее е првин да се вложува во инфраструктурата на државата. Постои силна корелација меѓу висината на реализираните капитални инвестиции и висината на бруто-домашниот производ. Капиталните инвестиции значат инвестирање во сопствената држава, креираат или обновуваат витална инфраструктура, стимулираат побарувачка на материјали, дополнителни добавувачи или изведувачи и овозможуваат приходи за голем број на лица. Приходите на сите инволвирани лица во извршувањето на капиталните инвестиции порано или подоцна се трошат и постануваат приходи за други лица и овој круг на економска активност и инфраструктурата како основа за раст на приватниот сектор, заедно го стимулираат економскиот раст.​

Во минатото Македонија бележеше одлични резултати во реализацијата на капиталните инвестиции. Но, во последните две и половина години, како никогаш претходно реализацијата на капиталните инвестиции е на историско најниско ниво. Проекциите за цела 2019 година се дека капиталните инвестиции ќе бидат околу 45% од планираното, што само по себе кажува дека моменталната влада е неспособна да иницира, планира, работи и спроведе капитални проекти со кои ќе ја подобри македонската економија. Нивниот главен фокус е предизборниот поткуп, расипништвото и непродуктивното трошење.

Владата лаже дека 2019та ќе биде економска година со високи капитални инвестиции, напишаа од комисијата за финансии на ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук.

Коронавирус