сабота, 8. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Матеј не може да оди на училиште – Министерството за здравство не му обезбедило лекови

Истото може да се случи и повторно ако навреме не го добие потребниот фактор за коагулација на крвта. Неговиот и животот на уште четири други деца е во опасност зошто од лекот имаат само за до крајот на април, а нов тендер не бил распишан, јавува Сител.

-Набавката не била извршена на време и сега ако не се изврши ќе останеме во иста ситуација, изјави Соња Димовска, мајка на Матеј.

Од Здружението на хемофиличари алармираат дека во животозагрозувача состојба се уште шеесетина други пациенти со тешка форма на хемофилија. Добивале редуцирана терапија само ако имаат крварење.

-Имаме пациент во Битола со хемофилија кој има крварење во желудникот и без терапија животот му е доведен во прашање, изјави Лилјана Рајчевска, претседател на Здружението на хемофиличари на Македонија.

На светскиот ден здружението на хемофиличари побара системско решение за редовна терапија на пациентите, а не да се оставаат без неопходниот фактор зошто тендерите пропаѓале. Во земјава со хемофилијха живеат околу 320 лица.

Коронавирус