недела, 11. април 2021. Вести денес: 28
home Вести

Мастер планот на Заев пуштен преку Георгиевски за откажување од нацијата, историјата и јазикот

Мастер планот на Заев пуштен преку Георгиевски за откажување од нацијата, историјата и јазикот

Јавноста се чувствува навредено откако поранешниот премиер Љубчо Георгиевски преку социјалните мрежи даде свој предлог како да се реши спорот со Бугарија. Зад вака искажаните ставови, според политичките аналитичари, всушност стои премиерот Зоран Заев кој пушта пробен балон за да ја добие реакцијата на македонскиот народ.

Предлозите на Георгиевски водат кон откажување од нацијата, историјата и македонскиот јазик, но и признавање на македонски историски личности и револуционери како заеднички со Бугарија.

Георгиевски меѓу предлозите, смета и дека бугарскиот парламент треба да донесе декларација во која ќе изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944, и дека Бугарија со ништо не ги прифаќа тезите за кои смета дека се фалсификат и ја подржува бугарска историографија во одбрана на својата вистина. (сите предлози на Георгиевски може да ги прочитате ТУКА)

Академик Катица Ќулавкова преку социјалните мрежи го искоментира ставот на Георгиевски.

-Бившите премиери и министри на Република Македонија, кои даваат предлози за решавање на македонско-бугарскиот спор и при тоа го бранат бугарскиот културен и државен хегемонизам се срам и зло не само за Македонците, туку и за целиот цивилизиран свет, пишува Ќулавкова.

Со свој став се огласи и кумановското градоначалник Максим Димитриевски, којпорача дека Георгиевски треба да се извини и да го врати македонското државјанство.

-Акцискиот план којшто го предложи поранешниот премиер Љупчо Георгиевски е срамен и понижувачки заМакедонија и македонскиот народ.Овие ставови директно ги разнебитуваат нашите македонски корени, ги поткопуваат столбовите на постоењето на македонската држава, историја, јазик, идентитет и култура со конечна цел декодифицирање на македонизмот. Георгиевски да го врати македонското државјанство и да им се извини на Македонците, пишува Димитриевски.

Граѓаните не штедат зборови во своите коментари на објавата на Георгиевски. Велат дека полесно е Македонија да потпише капитулација, односно предлозите значат прифаќање на се она што Бугарија го бара. И граѓаните се на ставот дека ваквите предлози директно ги разнебитуваат македонските корени и ги поткопуваат столбовите на македонската држава, јазик, историја….

Од ВМРО-ДПМНЕ денеска истакнаа дека Заев преку Георгиевски порача дека македонскиот јазик не постоел во коресподенцијата на патриотските револуционерни организации директно негирајќи ја посебноста на македонскиот јазик, како и посебноста на македонската нација.

-Заев сака да ги одроди револуционерите и сите македонски дејци и од нив да направи бугари. Зоран Заев преку Георгиевски порачува дека ќе се откаже и од македонското малцинство во Бугарија, без да води сметка за нивните чувства Георгиевски и Заев ги отпишаа македонците во Бугарија. Ова е спротивно на сите меѓународни конвенции за правата на малцинствата. Заев трга во последна офанзива за обезличување на државата. ВМРО-ДПМНЕ и народот се против продавањето на Македонија по патентот на Заев и Георгиевски, и нема да признаат никаков договор кој ќе ја негира македонската посебност, јазик, култура и историја, се вели во соопштението на партијата.

Коронавирус