четврток, 21. ноември 2019. Вести денес: 59
home Вести

Маскирани крадци со пиштоли се шетаат во Клиничкиот центар- Министерството за здравство крие како ја „гарантира“ безбедноста на пациентите

Маскирани крадци со пиштоли се шетаат во Клиничкиот центар- Министерството за здравство крие како ја „гарантира“ безбедноста на пациентите

Министерството за здравство веќе една недела молчи на поставените прашања на КУРИР и крие од јавноста одговор кој навистина се грижи и ја гарантира безбедноста на пациентите и вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Имено пред точно една недела во дворот на клиничкиот центар се случи грабеж откако двајца маскирани и вооружени лица извршиле разбојништво на наплатната каса од паркингот при што одзеле околу две илјади евра во денари.

По веста која беше објавена од страна на МВР, во јавноста се покренаа безброј прашања за нивната безбедност при посетата на Клиничкиот центар.

Според податоците на МВР на 10.07.2019 година околу 23:37 часот во СВР Скопје било пријавено дека две лица извршиле разбојништво на наплатната каса од паркингот во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и одзеле пари, по што се преземаат мерки за расчистување на случајот.

По ова КУРИР јавно постави прашања до Министерството за здравство „Кој и како ја гарантира безбедноста на пациентите и вработените во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ по разбојништвото пред полноќ?“, но одговор се уште нема.

Сведоци за КУРИР раскажуваат дека Клиничкиот центар во Скопје е небезбеден и дека иако има некакво си обезбедување од еден човек тоа во вечерните часови речиси и како да го нема…

-До кое нивно паднавме маскирани лица со пиштоли да се шетаат по болници, додека пациентите преживуваат вистински хорор низ болничките лавиринти…уште дополнителен стрес од разбојници ни фалат, вели сведок кој истата ноќ буквално за влакно ги избегнал разбојниците кои со торби полни пари и пиштоли ги ограбуваа вработените на касата во клиничкиот центар.

Дел од сведоците велат и дека освен пациентите тука има и вработени луѓе кои се нечии мајки, татковци, синови, ќерки и дека не заслужуваат да преживуваат вистински трауми поради незаинтересираноста на директорот или министерот за здравство.