среда, 24. април 2019. Вести денес: 13
home Вести

Мартин Вучиќ ќе биде нов директор на Ансамблот „Танец“

Мартин Вучиќ ќе биде нов директор на Ансамблот „Танец“

Магистерот по музичка уметност, Мартин Вучиќ, кој во моментов е перкусионист во Македонската филхармонија, ќе биде новиот директор на националниот Ансамбл за песни и игри „Танец“, јавува порталот 7дена.мк.

Потписот врз неговата кандидатура е веќе ставен и најверојатно во понеделник и официјално ќе му биде прв работен ден.

– Очигледно сите официјално знаат само јас не. Се додека тоа од Министерство за култура официјално не ми биде соопштено, за мене ќе биде вид на шпекулација. Да јас, како и многу други сум пријавен на конкурсот за нов директор, и сите веројатно го очекуваме официјалниот одговор од Министерство, вели Мартин.

Интересно е што двајцата дедовци на Мартин своевремени биле дел од овој Ансамбл. Пеце Атанасовски е еден од доајените на „Танец“, кој бил кореограф и играорец и Милорад Вучиќ, кој 15 години бил шеф на оркестарот на „Танец“.