сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 31
home Вести

Марковски: Во Комисијата за заразни болести има само двајца инфектолози, не очекува лош период, власта не изгради никакви искуства

Марковски: Во Комисијата за заразни болести има само двајца инфектолози, не очекува лош период, власта не изгради никакви искуства

Проф. д-р инфектолог и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски во вечерашното гостување Што не е јасно на ТВ Алфа, вели дека во Комисијата за заштита од заразни болести наместо да доминираат инфектолози, има само двајца што според него не е јасно зошто е тоа така.

Комисијата за заразни болести има друга намена. Не знам дали сфативте, кога доаѓа нов министер и си прави своја комисија, тој не знае што ќе се случува во наредниот период, дали ќе има некоја болест или не. Таа е комисија за заштита од заразни заболувања во која најчесто има само еден или двајца инфектолози. Нејасно зошто е така, бидејќи треба да доминираат инфектолозите, вели Марковски.

Тој смета дека следниот период ќе биде многу лош, бидејќи како што рече власта не изградила никакви искуства.
Мислам дека ни следува еден период кој што ќе биде многу драматичен, многу лош. Најлошо е што не изградивме никакви искуства, истакна Марковски.

На прашањето дали треба да има задолжителна вакцина, Марковски вели:

Никако задолжителна вакцина. Прво вакцината во следнава година за мене е неприфатлива и незамислива дека некој треба да се вакцинира. Значи без разлика колку фазите ќе ги помине, треба да следиме клинички некој период барем од 8 до 9 месеци да видиме дека таа вакцина и тие антитела траат во организмот 9 месеци. И второ многу битно е дали сега тие антитела кои би ги произвела вакцината дали би штителе.

Коронавирус