четврток, 15. април 2021. Вести денес: 66
home Вести

Марковски: Власта потфрли со набавката на вакцините

Марковски: Власта потфрли со набавката на вакцините

Доктор Вело Марковски вечерва во „Само вистина“ во Канал 5 телевизија истакна дека со вакцинација требаше да се почне според најавите во јануари месец, каснењето е пропуст на Филипче затоа што требаше да бидат нарачани минатата година во јуни месец, како и пропуст бил направен со прекршување на резолуциите на Советот на ЕУ во врска со богатење преку набавка на вакцините преку веледрогериите.

Најавите беа дека ќе почне вакцинацијата уште во јануари месец, многу граѓани сакаа да се вакцинираат, нивното каснење е огромен пропуст за министерот за здравство Венко Филипче, затоа што вакцините требаше да се нарачаат минатата година во јуни месец, ако се размислуваше стратешки, вели доктор Марковски.

-Сега за сега ние имаме три опции тоа е природен имунитет, вториот начин е да чекаме болеста сама да се повлече и третиот начин е да постигнеме вештачки имунитет со вакцинација, но за сето тоа нам ни е потребен оперативен план затоа што потребно е да вакцнираме милион и двесте луѓе плус ревакцинацијата тоа се две ипол милион вакцини, но ние треба истите да ги набавиме, не можеме да правиме план со десет илјади вакцини дека ќе ја запреме пандемијата, дополни доктор Марковски.

Тој вели дека власта во врска со набавката на вакцини отишла по инерција со веледрогериите, но има резолуции од Советот на ЕУ каде со нив се забранува да се врши богатење со вакцините, бидејќи тие се како неопходен лек, така ниту една сериозна компанија не ги прекршува резолуциите на ЕУ да даде на веледрогериите, тука веројатно станува збор за направена грешка, можеби намерата била добра, но министерот мораше да ги знае овие резолуции, така е заради тоа што ние сме имале проблем, затоа што не знам друга држава која не добила вакцини, истите требаше да бидат нарачани уште во мај,јуни месец, објасни Марковски.

Коронавирус