среда, 5. август 2020. Вести денес: 176
home Вести

Маркова-Велинова: АНАЛИЗА НА СИТЕ „УСПЕСИ“НА СДСМ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА (Блесокот на рѓосаното железо)

Маркова-Велинова: АНАЛИЗА НА СИТЕ „УСПЕСИ“НА СДСМ ВО ЕНЕРГЕТИКАТА (Блесокот на рѓосаното железо)

Од претходните владеења на СДСМ добро ни е познато какви „успеси“ има постигнато оваа партија во енергетиката. Еве за почеток да напоменам неколку:
Во 1993год. на Петровден„успешно“ беше урнат косиот мост во РЕК Битола со цел да се смири штрајкот на работниците. Во наредните години „успешно“ беше воведен во работа г-дин Силјан Мицевски со неговата фирма ГП Пелистер,како подизведувач во РЕК Битола. Овој човек до денес„успешно“ работи и заработува по неколку милиони евра годишноод РЕК Битола,функционирајќи како држава во држава.
Во наредниот мандат 2002-2006 кога СДСМ дојде на власт, „успешно“бесправно избрка повеќе од илјада вработени од тогашното Електростопанство на Македонија (ЕСМ) и вработи свои членови. Во истиот период оваа партија остана запаметена како партија која „успешно“ ја продаде дистрибуцијата на електрична енергија (дел од државната ЕСМ) на австриската ЕВНза многу мала сума на пари,скоро за без пари. Во нашата напатена Македонија СДСМ успеа да ја продаде комплетната дистрибутивна мрежа, а „успешно“ продаде и дел од имотот кој природно припаѓаше на преносниот оператор МЕПСО (прекинувачи, раставувачи, трансформатори). Овој успех одамна е познат под името„бонбона бизнис“, согласно мислењето на Радмила Шеќеринска,како една од најзаслужните за спроведување на оваа ујдурма.Како круна на успехот во истиот овој мандат СДСМ „успешно“им ги додели на ЕВН гратис малите хидроцентрали (Дошница, Калиманци, Матка, Пена, Песочани, Сапунчица, Зрновци, Попова Шапка, Бабуна, Белица и Турија) со моќност од 50 MW,чија градба на времето чинеше колку целата цена на продажба на ЕСМ. Од ваквите успешни егзибиции до денес граѓаните страдаат од монополот кој го има ЕВН во дистрибуцијата на електрична енергија во Македонија. За разлика од нас во сите соседни земји операторот на дистрибутивниот систем (дистрибуцијата) е или целосно или мнозински во државна сопственост (Бугарија, Србија и Албанија 100% , Грција 51%).
Мислевме ова да биде краток вовед, а наброивме едвај половина од „успесите“ на СДСМ.
Но сепак после овие мрачни сеќавања од минатото,предлагам да се вратиме во „блескавата“ сегашност на енергетиката.
По долгиот пост од 12 години без власт и без моќ, со доаѓањето на власт на СДСМ, сé се смени, ама на уште полошо. Станавме сведоци на нов филм „Блесокот на рѓосаното железо“ во сценарио и режија на СДСМ. Веднаш по доаѓањето на власт СДСМ постави свои кадри во енергетските институции и преку нив успеа да ги стопира сите постоечки проекти во енергетиката. Во ЕЛЕМ „успешно“ се сопреа: проектот Чебрен, набавката на механизациа за РЕК Битола, проширувањето на ветерниот парк во Богданци и проектот за топлификација на Битола. Покрај ова се направија површни ремонти на блоковите во РЕК Битола. Паралелно со ова се изврши „успешно“незаконско купување на безвредната електрана „Когел“ по висока цена. Се испразнија езерата на рекордно ниски коти во сред зима и се донесе „успешна“одлука ЕЛЕМ да ја продава електричната енергија на ЕВН за 34,5 евра или 25 евра во просек под пазарната цена. Со ова на годишно ниво ЕЛЕМ и македонските граѓани губат, а ЕВН добива околу 80 милиони евра,Во МЕПСО „успешно“ беше сопрен веќе започнатиот проект за изградба на далноводот Охрид – Елбасан,а исто така беа сопрени и сите останати проекти за замена на опремата. Поради сопирањето на проектите за обнова на преносната мрежа, беше нарушена работата на електроенергетскиот систем и за прв пат во работењето на МЕПСО се случи да не проработат примарната и заштитната опрема. Како последица на ова,неколку пати имаше испади на РЕК Битола. Во сегментот на работењето на ЕВН им сеотвори патот за слободно водење на бизнисот. Со помош на комплицирана подзаконска регулатива„успешно“ се оневозможија граѓаните да градат фотоволтаици на сопствените покриви, со цел да се задржи поголем пазар за ЕВН. Со намерни пропусти во подзаконските регулативи се остави простор за манипулација во секојдневната работа на енергетскиот систем и балансните механизми. Се донесе Стартегија за развој на енергетиката до 2040 година, со предлог во 2025 година да престане со работа РЕК Битола.
На почетокот на мандатот Владата на Заев со голема итроштина и со вметнување на член во новиот Закон за енергетика „транспарентно и демократски“ изврши „успешно“ прекинување на мандатот на претседателот на Регулаторната комисија за енергетика,иако до крај имаше уште три години.Веднаш после ова на позицијата претседател на РКЕ, СДСМ донесе свој послушник, и назначи нови членови на РКЕ. Со ова СДСМ „успешно“ си ги отвори вратите за деспотско владеење без никаква контрола во енергетиката.Инаку по смената на власта во 2006 владата на ВМРО ДПМНЕ великодушно и крајно „недемократски“ му дозволи на тогашниот претседател да го одработи својот мандат, спротивно на сегашната „демократија“ на СДСМ.
По поставувањето на вицепремиерската позиција на авторитетна личност која истовремено беше член на универзитетската фела и успешен претставник на бизнис секторот, многумина поверуваа дека конечно ќе ни тргне. Сепак не беше сé баш така како што изгледаше. Иако народот имаше надежи во тогашниот вицепремиер Анѓушев, се докажа старата народна поговорка дека: „ Секоја мотика си трга кон себе“. Така и мотиката на вицепремиерот неуморно тргаше кон него и неговите бизниси. Тој итро го искористи периодот додека јавноста беше преокупирана и обесхрабрена со промената на името да го отвори патот на своите идни успеси во енергетиката. Така во овој период „успешно“ го донесе Законот за енергетика и еден куп подзаконски акти со кои се креираа енергетските политики по теркот и вољата на вицепремиерот. Додека ВМРО ДПМНЕ ги решаваше проблемите во своите редови со разните реформатори и предавници, СДСМ успеа „успешно“ да ги стопира сите проекти во енергетиката Чебрен, Механизација за РЕК Битола,Топлификација на Битола, Гасификација, Ветерни паркови.Додека јавноста беше замајувана со ексклузивната работа на СЈО, еден куп таканаречени „независни“ новинарски пера го пополнуваа медиумскиот простор со тривијални муабети за каучот на Катица, чантата на Боки и капутот на жената на Орце. А од друга страна „успешно“се доделија еден куп концесии за нови мали ХЕЦ, нови концесии за над 100 MW Ветерници и нови 35 МW за фотоволтаици за блиските луѓе на СДСМ. Додека по медиумите слушавме дека „блескаме“, кој на кого што му рекол, и дали поткупот е полош од рекетот или е обратно, машинеријата на СДСМ „успешно“ распишатендер за соларна електрана во Осломеј со 100 МW Јавно Приватно Партнерство на 35 години, како и тендер за Хидроелектраната Чебрен за 330 МW Јавно Приватно Партнерство на 60 години вклучувајќи ја и Тиквеш како подарок. Ако во мандатот 2002 -2006 СДСМ успеа на подарок да му ги даде на ЕВН единаесетте мали ХЕЦ со инсталирана моќност од 50 MW, овојпат имаа шанса да се надминат себе си и да го дадат на поклон ХЕЦ Тиквеш со 116 MW инсталирана моќност.
Во 2016 година СДСМне доби мандат од 4 години од граѓаните, туку од некој друг,но со тоа не доби право да ја даде соларна електрана во Осломеј на 35 години користење. Во никој случај пак не доби правода ја даде реката Црна и нејзините електрани на 60 годишно користење на некого. Во наредните 60 години светот може да се соочи со сериозен недостаток на вода за пиење и ова богатство не смее да се продава, бидејќи веќе сме сведоци на една ваква криза во бугарскиот град Перник каде околу 100 000 граѓани се соочуваат со недостиг од вода за пиење.
Со последните случувања во енергетиката и митото кое го добил Заев од црногорскиот бизнисмен Дака, може да се заклучи дека на СДСМ воопшто не му е грижа за граѓаните и во секој мандат само се обидуваат„да ги натоварат своите магариња“.
Овој пат поради сето зло што и го нанесоа на Македонија и самите се плашат дека нема да ги добијат изборите на 15 јули, ниту пак некои други избори во наредните три генерации. Токму затоа се обидуваат „успешно“ да ги обезбедат своите најблиски со продуктивни бизниси за наредните три генерации (60 години).Ова се обидуваат да го спроведат со уште еден дрзок и бесрамен грабеж, кинејќи парче по парче од производните капацитети на Електрани на Македонија, кои се во сопственост на македонските граѓани.

На 15 јули македонските граѓани ќе го сопрат ова беззаконие во енергетиката и во државата.

На 15 јули ќе започне обновата на енергетиката во Македонија!
На 15 јули ќе започне обновата на Македонија!
Исправи се Македонијо! Одбери обнова!

Пишува: м-р Елена Маркова Велинова и дел од тимот на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ

Коронавирус