сабота, 19. јуни 2021. Вести денес: 47
home Вести

Марков: Кривична одговорност за Филипче, нема вакцини загрозено е здравјето на граѓаните има три илјади починати

Марков: Кривична одговорност за Филипче, нема вакцини загрозено е здравјето на граѓаните има три илјади починати

КОВАКС обелодени уште една лага на министерот за здравство Венко Филипче. Додека Филипче оперираше со бројка од околу 800 илјади дози на вакцини од КОВАКС механизмот за Македонија, истиот механизам го демантираше Филипче и соопшти дека во првата половина на годинава ќе има само околу 100 илјади дози, изјави денеска за медиумите,Петар Марков од ВМРО-ДПМНЕ.

-Кога ќе стигнат останатите околу 700 илјади дози од КОВАКС? Што направи Филипче со директните преговори за набавка на вакцини на Фајзер?
Каде се донациите од соседите кои како што рече министерот ќе ги дале за Македонија? Во месец февруари во сите земји веќе се зборува за примање на втората доза од вакцината, и се брои колку од населението е вакцинирано. Македонија ја нема на ниту една листа, посочи тој.

-Во Македонија не се зборува за степен на ефикасност на вакцините заради тоа што вакцини не постојат. Заев и министерот Филипче не направија ништо за да се заштити здравјето на граѓаните во овој период на пандемија. Нивното незнаење и незаинтересираност резултира со тоа да нема ниту дури основни лекови. Заради ваквото загрозување на здравјето на граѓаните е потребна кривична одговорност, додаде Марков.

ЕУРО 2020

Македонија