четврток, 5. октомври 2023. Вести денес: 0
home Вести

Марија Андоновска го повика Филипче на ТВ дуел

Марија Андоновска го повика Филипче на ТВ дуел

Ајде Венко пред очите на цела јавност да дебатираме што е вистина а што не!
Да беше ти во право, немаше да бегаш од јавна дебата со месеци.
Да, немаат третман, затоа што ти не си ја заврши работата и не го организираше здравствениот систем да им служи на граѓаните!
Три тефтери полни со тажни и страшни сведоштва имам од граѓаните за хаосот кој го доживеале во здравството поради вашата негрижа!
Еве еден најнов од пред 2 дена👇
Пациент/ка околу 35 год со дијабет, со средна клиничка слика кој добил упат од матичен за преглед, крвни анализи и рентген е вратен од болницата 8ми Септември, со образложение дека прегледуваат и прават крвни анализи само на пациенти со многу тешка клиничка слика.
Еј замислете, само пред умирање може ќе ве прегледаат!?
Што да прави на 35год, да чека да му се влоши состојбата, па системот на Венко тогаш да дозволи да биде прегледан!?
Како да не оди на приватно во ваков случај!?
Луѓе земаат кредити, се позајмуваат и одат во приватни болници!
Ајде Венко прифати дебата, твојата вистина наспроти вистината на народот кој сведочи и ни јавува!

Ајде Венко пред очите на цела јавност да дебатираме што е вистина а што не!
Да беше ти во право, немаше да бегаш од…

Posted by Andonovska Marija on Saturday, April 3, 2021

Најнови вести