недела, 27. септември 2020. Вести денес: 98
home Вести

Маричиќ ќе се борел против корупција ама ништо не знаел за скандалот Заев Дака

Маричиќ ќе се борел против корупција ама ништо не знаел за скандалот Заев Дака

Министерот за правда Бојан Маричиќ иако ветува реформи во правосудство и поефикасна борба против корупцијата, нема информација за скандалот кој деновиве ја тресе македонската јавност.
Имено, нема реакција ниту од надлежните институции за отворање на истрага за скандалот во кој се споменуваше и премиерот на владата Зоран Заев, а е поврзан со контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака во аферата ШИК Јелак Тетово, во која се предвидува изградба на згради во центарот на Тетово, но и огромни деловни комплекси со вкупна заработка за инвеститорот од 200 милиони евра.

Министерот Маричиќ, нема информации дали Јавното обвинителство има отворено истрага и покрај тоа што има обврска да отвори истрага и само по допрен глас. Тој во одговор на новинарско прашање поставено на вчерашната прес конференција, вели дека нема информации за овој случај, упатувајќи ги медиумите да побараат дополнителни одговори во Јавното обвинителство.

-Јас мислам дека тој беше инициран од некого пред обвинителство или беше доставено како допрен глас, и натаму е работа на обвинителството тоа да го расчисти и да постапи по тоа, секогаш јавно сме го повикувале обвинителството. Мислам дека е најдобро да се обратите за одговор до обвинителството, инаку пак ќе кажам без да навлегувам во коментирање на конкретен случај, обвинителството е должно да постапи за сите индиции, вели Маричиќ на вчерашната прес конференција.

Но, и покрај обидите на националната телевизија Алфа да дознае повеќе за овој случај, Јавното обвинителство не одговари на прашањето.

За овој случај првично информираше опозициската ВМРО-ДПМНЕ која обвини дека се работи за една огромна афера, како и дека процесот на носење на детален урбанистички план за изградба на згради и деловни објекти во центарот на Тетово за кои гласаа советниците на СДСМ и ДУИ во советот на општина Тетово е донесен во нетранспарентна постапка.

-Се работи за една огромна афера која што во континуитет ја објавувам последните недела дена, за жал досега не добивме релевантен одговор од ниту една надлежна институција. Имено, на само еден ден после формирањето на старо новата влада на СДСМ и ДУИ, мнозинството на СДСМ и ДУИ во советот на општина Тетово гласа детален Урбанистички план со кои што се предвидени 230 илјади метри квадратни корисна површина, односно некаде околу 2000 стана со 8.000 жители и Трговски центар поголем од Сити мол во Скопје, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во интервју за дневникот на Канал 5 телевизија.

Но, постојат сериозни индиции кои покажуваат можна поврзаност на сега веќе осудениот Зоран Милевски Кичеец со Дака, бидејќи за време на предизборието од емитуваните нелегално снимени разговори можеше да се слушне дека продажбата на компанијата ШИК Јелак Тетово ја договорил Милевски Кичеец со црногорскиот бизнисмен Дака, кој наводно дал 300.000 евра и 2.000 метри квадратен простор за да се заврши постапката, а во разговорите беа и спомнати премиерот Заев и вториот човек на владата, генералниот секретар Драги Рашковски со Кичеец наводно договарал средби.

За да прикаже владата дека наводно ќе се бори против криминалот и корупцијата, измисли и нова позиција за борба против корупцијата и криминалот на чие чело е поставен, генералниот секретар на СДСМ и поранешен министер за земјоделство Љупчо Николовски, но и покрај се, се уште нема никаква реакција од негова страна за овој случај.

За високиот степен на криминал и корупција, забележуваат и неколку меѓународни институции кои велат дека Република Македонија мора да се темели врз заложба на правна држава и владеење на законот, како и непречено функционирање и независно постапување на органите на прогонот.

Коронавирус