петок, 5. јуни 2020. Вести денес: 12
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Маричиќ и владата на Заев одобруваат Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин

Маричиќ и владата на Заев одобруваат Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин

Во вчерашниот централен дневник гостуваше Бојан Маричиќ кој рече дека ја подржува Комисијата која преговара за историја со Бугарија. Тука се поставува прашањето дали Маричиќ и владата поддржуваат и одобруваат Гоце Делчев да биде прогласен како Бугарин.

„Ние досега не сме имале сигнал дека Бугарија би можела или би сакала да го блокира почетокот на преговорите. А, она што се однесува на дискусијата во рамките на комисијата, ние таа комисија целосно ја поддржуваме, и сметаме дека таа комисија треба да се води со мудрост и со почит едни кон другите. Тоа е всушност и целта на комисијата. Исто така целта на комисијата да овозможи едно зреење , едно растење во меѓусебниот однос и во односот кон минатото и сегашноста, и за историјата која што не поврзува“, посочи Маричиќ. Маричиќ истакна дека точките, ликовите и настаните во историјата кои не поврзуваат треба да не доближуваат, а не да не разделуваат.

Пред неколку дена министерката за надворешни работи на Бугарија, Захариева изјави – „Ако не се договориме околу датата за чествување на сеќавањето на Гоце Делчев, нема да работиме во мешовита комисија со Македонија“. Ова говори дека ако владата на Заев ќе прифати се што бара Бугарија, и дека за некој период ќе се дозволи Гоце Делчев да се прогласи за Бугарин.

Коронавирус