сабота, 30. јули 2022. Вести денес: 20
home Вести

Маричиќ: Граѓаните да имаат доверба во Владата, преговараме во интерес на државата

Маричиќ: Граѓаните да имаат доверба во Владата, преговараме во интерес на државата

„Мислам дека и јавноста и аналитичарите, и новинарите, коалициските партнери треба да имаат доверба дека Владата и тимот на Владата коишто преговараат секогаш се грижи за нашиот интерес. Ние имаме двоен интерес во целава работа, имаме од една страна интерес да го зачуваме нашиот идентитет и јазик и сите наши обележја и достоинствено да влеземе во преговорите со ЕУ и од друга страна имаме интерес да ги почнеме преговорите, цел за членство во ЕУ, цел којашто ние зацртана од 92-ва година и е наша стратешка надворешна политичка па и внатрешна политичка цел“-рече во вечерашното гостување на Топ Тема вицепремиерот Маричиќ.

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, во интервјуто додаде дека дискусија за нашите позиции имало и во минатото и во рамките на партиите и помеѓу коалициските партнери и дека во преговорите комплетно целосно во секој момент се држат до програмата на Владата, којашто ги утврдува рамките за преговарање со Унијата, декларацијата во Собрание којашто исто така дава некаква рамка, ограничување или слобода да се разговара во одреден контекст.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека не е наша цел да правиме непријателства, туку да ги одржуваме и да комуницираме со пријателите и партнерите, но дека тоа не значи дека секогаш ќе се согласуваат за сè.

– Франција како претседавач се вложи за да бара решение. Ние не сме добиле официјално предлог, бидејќи и тоа што беше објавено беше со прецртани реченици, тоа се беше драфт. Тоа што имавме увид, веднаш кога ги видовме документите испративме наше писмено информирање, кажа Маричиќ во Топ Тема.

Коронавирус