четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 134
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Вести

МАНУ: Македонскиот јазик е интегративен јазик!

МАНУ: Македонскиот јазик е интегративен јазик!

Македонскиот јазик треба да ја задржи својата интегративна функција. Употребата на другите јазици треба да се одвива преку културна соработка и преку взаемно дружење и заеднички и културно уметнички проекти, а не со казни и инспекции, порачуваат од МАНУ.

– Македонскиот јазик како јазик на мнозинската заедница има интегративна функција и треба да се внимава на интегративната функција и на македонскиот јазик. Не може и наше мислење е  да се гради мултукултурно, мултиетничко општество и да се спроведуваат закони со оние мерки меѓудругото кои беа предложени во законот, инспекторати и контроли вели претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Академикот Катица Ќулакова побара од МАНУ да се завземе став околу законот за јазиците на посебна затворена седница. Ќулкавкова вели дека законот за употреба на јазиците го ревидира македонскиот јазик.

– Го ревидира статусот на македонскиот јазик предвиден со Уставот. Преиззвикува ситуации во кои што ќе биде загрозено правото и должноста на секој македонски граѓанин без независно од етничкото потекло да го употребува македонскиот јазик, затоа што јазик на било кое малцинство од 20% ќе се наметне како хиерархиски надреден рече академик Катица Ќулавкова.

Законот за јазиците беше донесен на еден неуставен и силеџиски начин од страна на парламентарното мнозинство и каде се погазија сите можни права дадени со Уставот и деловникот на Собранието. Ова е за прв пат во историјата на Република Македонија каде на пратениците им беше одземено правото да дискутираат по амандманите.

Коронавирус