недела, 24. јануари 2021. Вести денес: 70
home Вести

МАНУ контра БАН со „Промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година“ за непобитноста на македонскиот јазик и нација

МАНУ контра БАН со „Промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година“ за непобитноста на македонскиот јазик и нација

Земајќи предвид дека (1) процесот на формирањето на македонскиот народ и македонската нација не е ништо поразличен од другите балкански народи и нации; тој процес не е, и не може да биде последица на административен акт; (2) создавањето на македонската држава е резултат на долготрајната борба на македонскиот народ и другите етнички заедници, преточена во антифашистичката војна и поставена врз антифашистички начела; и (3) Декларацијата на МАНУ за македонскиот јазик од 5 декември 2019 година, би сакал уште еднаш во оваа емисија да укажам на главните заклучоци од промеморијата на МАНУ од 15 ноември 2020 година, истакна во своето гостување на телевизија Алфа во емисијата „Што не е јасно“ претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев.

Тие заклучоци се:

Претседателството на Македонската академија на науките и уметностите ги поддржува напорите на Владата на нашата држава за интегрирање во ЕУ, залагајќи се, притоа, за почитување на:

1.Меѓународните повелби и конвенции од коишто произлегуваат и неотуѓивите и суверени права на македонскиот народ на самоопределување, тесно поврзани со неговиот државотворен статус и национален, историски, културен, јазичен и номинален идентитет;

2.Резултатите од легитимните пописи на населението изведени во неколку наврати во некогашната Федеративна Република Југославија (1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991) и во Република Македонија (1994, 2002), кога Македонците по своја слободна волја се изјасниле за припадници на посебен етнички и национален ентитет;

3.Резултатите од двата референдума, во 1991 и во 2018 година, кои ја озаконија свеста и волјата на македонските граѓани и на македонскиот народ и го легитимираа нивното неприкосновено право на самоопределување и самоименување;

4.Достоинството на македонскиот народ,

5.Сознанијата на македонските општествени, хуманистички и културолошки науки, современата светска славистика и лингвистика, современата светска историска наука, и меѓународното право, според коишто:

a.македонскиот јазик и неговите дијалектни разновидности имаат и просторен континуитет (македонските дијалекти постојат и надвор од границата на денешна Македонија) и временски континуитет (македонскиот јазик опстојувал повеќе стотици години);

b.македонскиот идентитет го црпи својот легитимитет од повеќе-вековните преданија, обичаи, колективна меморија, менталитет, јазик, артикулирана свест за етнокултурната посебност, колективен интегритет, почит кон традиционалните религиски институции и наратив за припадноста на одреден географски и историски простор, истакна Коцарев

Најнови вести

Коронавирус