понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 144
home Вести

Манојловски: Законот за амнестија не е целосен, доколку сакаме да има национално помирување треба да има опфатено што повеќе луѓе

Манојловски: Законот за амнестија не е целосен, доколку сакаме да има национално помирување треба да има опфатено што повеќе луѓе

Законот за амнестија не е целосен, за да се има национално помирување како што се залага треба законот да опфати многу повеќе луѓе, ова беше дел од заклучоците на пратеникот Манојловски при своето гостување на МРТ1.

Горан Манојловски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата нагласи дека тие како пратеничка група ислегоа со предлог закон за амнестија кој што требаше да ги опфати сите чинители од настаните за 27-ми април. Закон кој што не беше изгласан од владејачкото мнозинство.

За да после извесен период имаше формирано наводно група во Собранието на Република Македонија во кое што учествуваа и дел од поранешните пратеници на ВМРО –ДПМНЕ. И изготвија предлог закон за амнестија кој што веќе е актуелен и изгласан во Собранието, појасни Манојловски.

На тој предлог од законот за амнестија поднесовме дури и еден амандман кој што не беше прифатен, и законот помина како што помина. Како што гледате деновиве има многу луѓе кои што се опфатени со процесот од настаните од 27-ми април кои што веќе поднеле барање за амнестија но има и луѓе што и јавно кажуваат дека нема да поднесат барање за амнестија. Сметам дека овој закон не е целосен, доколку сакаме да има национално помирување треба да има опфатено што повеќе луѓе, посочи Манојловски.