петок, 13. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Манојловски: Владата не ја пушта во употреба мерната станица во Тетово за да не знаат тетовчани колкава е загаденоста

Манојловски: Владата не ја пушта во употреба мерната станица во Тетово за да не знаат тетовчани колкава е загаденоста

Горан Манојловски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ на денешната собраниска седница рече дека Тетово беше најзагаден град во Европа и во моментот не може да се знае колку е загадувањето таму затоа што не работи мерната станица.

-Свесно или несвесно дали се случува тоа, треба надлежните да одговорат затоашто и министерот и заменикот министерот протестираа за чист воздух за сите и тетовчани го заслужуваат тој одговор, истакна пратеникот.

Тој во своето обраќање посочи дека сака да ја информира јавноста, бидејќи владата немаше пари за подобрување на воздухот, на квалитетот на воздухот во Тетово, германската амбасада се одважи и набави едно еко дрво во Тетово заедно со градот Скопје.

-Во интерес на јавноста сакам да кажам дека истото јавно дрво не е исправно односно грижа за екологијата на општина Тетово допринесе да тоа еко дрво не е исправнио и денеска има пишано по печатените медиуми. Како оваа влада се бори со загадувањето и критичарите на оваа влада можам да го напоменам и случајот со еко-герила којшто излегоа на трибина во Тетово кога беше влада дојдена и кои посочија дека одредени функционери или им се заканувале или им нуделе нешто за да ги замолчат. Немаше реакција од соодветното обвинителство по допрен глас и до ден денеска граѓаните на тетово не знаат што се случи со овој случај, истакна Манојловски.

Имено тој додаде и за затварањето на „Југохром“ кој беше затворен од коалицијата СДСМ-ДУИ и свесно или несвесно не ја пуштаат во употреба мерната станица за да не знаат граѓаните на Тетово колку е загадувањето сега односно ќе се увиди дека загадувањето не одело само од „Југохром“ дека загадувањето е од самиот град.