понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 96
home Вести

Манојловски: Со Договорот од Преспа се наметнува волјата на посилниот врз послабиот

Манојловски: Со Договорот од Преспа се наметнува волјата на посилниот врз послабиот

Во едно демократско општетство секој има право на свое мислење и не значи дека ако размислува различно од вас има некаков комплекс, му реплицираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојловски на денешната собраниска седница на министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

-Со 34 амандман предвидувате во Преамбулата на Уставот на Република Македонија зборовите и одлуките на АСНОМ да се сменат со зборовите „Прогласот од првото заседание на АСНОМ на македонскиот народ за одржаното заседание на АСНОМ“. Во многу наврати претходно кажувавте дека единствените преговори кое се водат со Грција е за само да се промени името на Република Македонија, а со самото тоа целта на овие преговори е имплементација на Договорот со Грција и пристапување на Македонија во ЕУ и НАТО. Дали ние како народ сме толерантни, дали сме биле подготвени како држава да поднесеме многу компромиси до сега? ДА., истакна Манојловски.

Тој посочи дека како народот сме направиле многу крупни отстапки кон нашите соседи, кон Грција, а се со цел да не бидеме блокирани во ЕУ и НАТО интеграциите.

-Во договорот во многу сегменти има точки каде се очекува Република Македонија да испорача кон Грција, но не и обратно. Сменивме име, прифативме привремено име. Сменивме знаме и повторно се соочивме со блокади. Зошто е целта да се заменат одлуките на АСНОМ? Дали со ова се навлегува подлабоко во преговорите за името? Очекував кога веќе го постигнавте договорот, ќе се говори само за името. Но, читајќи ги документите се гледа дека длабоко се навлегува во одредени сегменти, се интервенира во одредени законски и одзаконски акти од нашата држава и Уставот. Дали со ова што се трга државотворната суштина на првото заседание на АСНОМ се бришат и одлуките кои се суштествени за постоењето на денешната модерна Република Македонија? Дали се брише и актот каде Македонија се втемелува како држава? АСНОМ е еден од клучните документи а битисувањето на денешната современа Република Македонија, вели пратеникот.

Тој смета дека со овој Договор се наметнува волјата на посилниот врз послабиот.

-Чувството на индиспонираност кај нашиот народ е многу голема, нагласи Манојловски.