вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 2
home Вести

Манојловски: Референдумот е неуспешен зошто народот препозна дека оваа владејачка гарнитура која ветуваше реформи потпишува само штетни договори

Манојловски: Референдумот е неуспешен зошто народот препозна дека оваа владејачка гарнитура која ветуваше реформи потпишува само штетни договори

Не може да се каже дека ставот на ВМРО претставува една предизборна реторика затоа што за националните прашања не може никогаш да се говори за некои изборни или предизборни пазарења. А во врска со референдумот, ние уште на самиот почеток го кажавме нашето несогласување околку начинот на кое што беше поставено прашањето, кое што многу добро е дефинирано во законот за референдум. Прашањето беше двосмислено и покрај тоа што како опозиција баравме прашањето да биде јасно поставено кон граѓаните, не беа земени во предвид нашите забелешки, истакна пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Горан Манојловски, во синоќешната дебатна емисија на телевизија Клан Македонија.

Манојловски децидно кажа дека референдумот, не само според ВМРО-ДПМНЕ, туку и според Државната Изборна Комисија е неуспешен, и со самото тоа договорот со Грција е нелегитимен.

– Референдумот, не само според нас, туку и според ДИК е неуспешен, затоа што го немаше доволниот цензус на излезеност на гласачите на Република Македонија. Овој договор со самото тоа е нелегитимен. Договорот претходно не беше потпишан ниту од претседателот на државата, ниту пак беше објавен во Службен весник на Репиблика Македонија, рече Манојловски.

Народот, додаде Манојловски, препозна дека оваа актуелна владејачка гарнитура која што ветуваше реформи веднаш се зафати со правење на штетни договори, гледајќи ја нивната безидејност, во голема мера со оваа многу мала излезеност упатија една многу силна и јасна порака кон актуелната владејачка гарнитура.

Тој исто така ја критикуваше и актуелната владејачка гарнитура дека немаат конзистентност во своите ставови, а и дека имаат и некоординирани ставови што кај сите нас се прави чувство дека имаме туѓо наметнато решение.

– Самото менување на ставовите допринесе да се создаде чувство кај луѓето дека ова решение е наметнато. Невклучување на сите чинители во политичките процеси допринесоа да имаме една ваква ситуација каде што премногу сте ветувале, а не можете да исполните, како власт. Сите ние како граѓани сме заложници на неспособноста да се изменаџираат овие клучни прашања за иднината на Република Македонија, рече Горан Манојловски.