петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 33
home Вести

Манојлоски: Предлог закон на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е со цел спречување на иселувањето на лекарите од Македонија

Манојлоски: Предлог закон на ВМРО-ДПМНЕ  и Коалицијата е со цел спречување на иселувањето на лекарите од Македонија

На денешната собраниска седница се обрати и пратеникот, Горан Манојлоски кој што посочи дека предложениот предлог закон од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата е со цел да се запре одливот на лекари од Република Македонија.

Со овој предлог закон за здравствена заштита се уредуваат прашања кои се однесуваат на системот на организацијата на здравствената заштита и вршењето на здравствената дејност. Загарантираните права и утврдените потреби и интереси за државата во обезбедувањето на здравствената заштита, здравствените установи, вработувањата, правата и должностите во евалуација , престанокот на вработувањата, заштитата и одлучувањата на правата и обврските на здравствените работници и здравствените соработници, појасни Манојлоски.

Манојлоски додаде дека тој предлог закон го поднесува со пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за спречување на трендот на иселувањето на лекарите од Република Македонија.

А, се со цел на подобрување и дополнување на условите за работа на лекари, како и подобрување на условите за здравствената заштита на пациентите. Го предлагаме овој предлог закон по скратена постапка. Бидејќи овој закон не е обемен. И предлагаме да оди по скратена постапка. А, воедно сакам да напоменам дека нема финансиски импликации врз буџетот на Република Македонија, истакна Манојлоски.

Коронавирус