среда, 24. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Манојлоски по инцидентот: Се откажувам од понатамошно гонење кон припадниците на МВР- вакви настани да не се повторуваат

Манојлоски по инцидентот: Се откажувам од понатамошно гонење кон припадниците на МВР- вакви настани да не се повторуваат

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Горан Манојлоски се огласи по инцидент што му се случи во понеделникот на пат кон Собранието, кога вооружени полицајци го сопреле и му направиле претрес нему и на неговото возило.

Вели дека МВР мора да работи на целосна професионализација на своите припадници.

-Овој случај го затворив преку медијација и се откажувам од понатамошното гонење кон припадниците на МВР кои беа дел од овој настан, го прифатив нивното извинување за немилиот настан, но и со совети и препораки вакви настани да не се повторуваат, пишува Манојлоски меѓудругото.